fbpx

Реформите на СДСМ во енергетиката се шампионски, извозот на струја зголемен за над 60 отсто во првите 9 месеци од 2019 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение са јавност

 

Реформите што СДСМ ги презема во полето на енергетиката се шампионски и даваат реални резултати. 

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше зависна од увоз на скапа струја, денес државата произведува и продава вишоци струја. 

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во септември дури 91,6 отсто од потрошената електрична енергија е произведена од домашни извори.

Во првите девет месеци од годинава увозот на електрична енергија е намален за 3,6 отсто, додека, извозот на електрична енергија бележи раст од 60,6 отсто во споредба со истиот период лани.

ЕСМ досега за 2 години продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога ЕСМ трошоше пари на паркови и рајски градини, денес ЕСМ вложува пари во мерки против аерозагадувањето.

Официјалните податоци покажуваат дека одговорните домаќински политики во енергетиката се на прав пат, расте извозот на струја а цената на електричната енергија е најевтина во Европа.

 

 

Последни вести