Соопштение за јавност
Со 68 гласа За Собранието изгласа почеток на преговори со ЕУ, сите граѓани беа свесни на првата меѓувладина конференција во Брисел дека паднаа во вода сите лаги што ги ширевте овде во собранието и на протестите што ги правевте пред Собранието, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
„Прво Македонија одржа прва меѓувладина конференција, второ македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка. Трето, треба да се срамите од тоа што го правевте овде во Собранието, со палење документи, со какви зборови се обративте на претседател на Европска комисија, не личи на една демохристијанска партија и треба да се срамите од тоа што го правите. Политиката што ја водите на штитење на интереси на трети држави и е најпогубно нешто што може некој да им го прави на граѓаните така што за координатор може да го поставите Димитар Апасиев наместо Никола Мицевски“ посочи Ковачевски.
Во однос на референдумот што го најавува ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем што е против секоја страшека одлука на државата.
„Вие не знаете какво референдумско прашање сакате да поставите. Вие сакате референдумско прашање Дали сте против зачленување ЕУ со чист македонски јазик и заштитен идентитет, чист македонски јазик за кој се потпишува договор за превод на македонското законодавство со ЕУ.Тоа што имате проблем што сте против сите стратешки одлуки на оваа држава, треба да го расчистите на идеолошко ниво во партијата. Ако некоја партија беше против членство во НАТО, тоа беше вашата партија, ако некој беше против релаксирање на меѓуетнички односи тоа беше вашата партија, ако некој е против членство во ЕУ тоа е вашата партија.“ истакна Ковачевски, додавајќи дека државата ќе продолжи по европскиот пат без разлика на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Собранието донесе одлука оваа држава да продолжи по патот на своите европски интеграции европскиот пат и оваа држава ќе оди по патото на европските интеграции и без разлика што и да правите нема да ја скршнете ниту лево, а уште помалку десно кон исток.“ заклучи Ковачевски.