Соопштение за јавност
Токму поради ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски Скопје 11 години не се развиваше и остана без потребните содржини за секоја метропола.
Несериозно е сега, ВМРО-ДПМНЕ преку Коце Трајановски да зборува за луна паркот кога токму Трајановски го остави Скопје без луна парк.
8 години имаа Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ да изградат современ, модерен парк, но тоа не го сторија затоа што решија да ги исполнуваат криминалните желби на Никола Груевски преку проектот Скопје 2014.
Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научат разликата помеѓу луна парк и забавен парк за потоа да можат да зборуваат на таа тема.
За разлика од неколкугодишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, со одговорното работење на градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, денес се градат и водоводи и канализации, се пробиваат и реконструираат улици, но и се гради нов современ забавен парк.
Со домаќински однос има пари за сите потреби на граѓаните, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога пари имаше само за неколку поединци во белиот дворец.