Мицкоски е против ЕУ а референдумот му е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е против членството во ЕУ и сите негови активности се насочени исклучиво против ЕУ.

Впрочем и самиот Христијан Мицкоски јавно кажа дека е против Европската унија.

Мицкоски стана едно со Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ стана едно со Левица, проруска партија која е против НАТО и ЕУ.

Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.

Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба.

Референдум против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, против ЕУ не може да успее.