Соопштение за јавност
Локалните избори на 20 август се убава можност да покажеме дека сме сплотени и решени да избереме развојот и напредокот на Маврово Ростуше да продолжи, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешениот настан за промоција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, кој вечерва се одржа во с.Ростуше.
„Како Медат Куртовски работел досега и што се постигнал вие тоа многу добро го знаете. Реализирани се многу капитални проекти изминатиов период. Нови водоводи, асфалтирани улици и патишта, канализации, реконструкција на училишта и игралишта, нови паркинг простори, нови општински простории. Изградивме и целосно нова детска градинка. Важни проекти се реализираа во Ростуше, Врбјани, Скудриње Леуново, но и во Трница, Жировница, Тресонче и на сите точки помеѓу. Со напорна и посветена работа, ги допревме и подобривме условите во сите населени места.“ рече претседателот Ковачевски во своето обраќање пред граѓаните на општина Маврово Ростуше, кои масовно присуствуваа на вечерашната промоција.
Така треба и да продолжиме, додаде Коваевски, посочувајќи дека бројни проекти за иден развој на Маврово Ростуше се предвидени во Програмата на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.
„Верувам дека Медат ќе продолжи да работи уште повеќе посветено. Прочитајте ја Програмата на нашиот кандидат за градоначалник, видете ги капиталните проекти за целата општина. Од резервоари за вода и водоводи во Маврово, нови улици и паркинг во Ростуше и Скудриње, пат во Велебрдо, Присојница, Битуше, Јанче, реконструкција на училишни згради, осветлувања, спортски терени…“ рече Ковачевски.
За таа посветеност, додаде Ковачевски, во името на граѓаните може да очекува поддршка од Владата и од институциите предводени од СДСМ и коалицијата.
„Затоа што досега многупати сме покажале дека не ги делиме општините на мали и големи, на рурални и урбани, туку дека инвестираме секаде рамномерно, за да се развиваат сите општини. А Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива со новата локална власт предводена од СДСМ и Медат.“ заклучи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во денешното обраќање на промотивниот настан пред граѓаните на Ростуше.