fbpx

Лукаревска: Гласот за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, европско Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска попладнево беше меѓу граѓаните на Тетово.

На средбите со граѓаните, заменик претседателката Лукаревска истакна дека Советот во секоја општина е важно тело кое носи одлуки за иднината и затоа е важно тој да биде составен од чесни, докажани и угледни индивидуи и дека токму такви се кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Лукаревска посочи дека Владата предводена од СДСМ досега инвестирала во бројни капитални проекти што го унапредуваат квалитетот на живот на тетовчани и дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, повикувајќи ги граѓаните на изборите на 20 август да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

„Глас за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, модерно, европско Тетово кое обезбедува шанси за сите подеднакво, затоа на 20 август на дадеме поддршка на овие докажани, чесни и угледни кандидати кои се подготвени да работат посветно и домаќински за својот град, за својата општина“ заклучи Лукаревска.

 

Последни вести