Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија.
Навремените и ефикасни економски политики даваат резултат, последен показател за тоа се податоците од Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.
Тоа е доказ дека македонската економија и стопанство се конкурентни и во време на светска енергетска и економска криза.
Истовремено, покрај извозот растат и платите. Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 отсто повисока во однос на истиот месец од 2021 година.
Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната.
Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ.