Реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за состојбата во културата и за слободата на изразување.
Токму оваа партија ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик.
Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше „џуџето од Небрегово“.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста.
Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим постојано ја погазуваше, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува.
ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување.