fbpx

Раст на просечната плата за 4,4 отсто во септември, одговорните политики на СДСМ поттикнуваат раст на платите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Политиките на СДСМ за зголемувањето на животниот стандард, обезбедување повеќе пари кај грашаните и поддршката за стопанството даваат резултати.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во септември годинава бележи ираст од 4,4 отсто и изнесува 25.435 денари што е за 1.080 денари повисока во однос на истиот месец 2018 година. 

Зголемувањето на платите се должи на политиката на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните и покачувањето на платите во јавната администрација, а пред се во образованието, здравството и социјалната заштита.

Трендот на значително зголемување на платите ќе продолжи и наредните месеци со  усвојувањето на законот за субвенционирање на придонесите на плати за работодавачите, кои ќе им ги покачат платите на своите вработени од 100 евра, предложен од СДСМ, но и со рекордниот раст на минималната плата за 5.500 денари на 14.500 денари.

Одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст и за растот на платите, тоа го потврди и Меѓународниот монетарен фонд , кој го нагласи фактот дека покрај зголемувањето на платите, невработеноста достигна историско најниско ниво од 17,5 проценти.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките од Програмата кои обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Последни вести