Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е пример за лицемерие, за дрско и безобразно лажење на граѓаните.
Додека глумат загриженост за економската состојба и животниот стандард партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни хотели и плажи во Монте Карло, во екслузивни ресорти во Црна Гора и други монденски дестинации.
Ете колку раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните, ете како го замислуваа протестното лето со кое го лажеа првенствено своето членство, а потоа и граѓаните.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски.