fbpx

Костадиновска Стојчевска: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија истакна дека избори ќе има и тоа редовни во 2024 година.

Ние нема да потпаднеме под овие провокации на ВМРО-ДПМНЕ, сметаме дека сега соочени со енергетска криза, ковид криза имаме многу поважна работа од тоа цел процес на развој во државата да застане, само заради тоа што лидерот во сенка од Будимпешта тоа го посакува, порача Костадиновска Стојчевска.

Во врска со најавите на опозицијата за референдум, Костадиновска Стојчевска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба прво да одлучи што сака и дека досега оваа партија многу пати се однесувала неконзистентно.

Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ побара референдум, прво треба да се изјаснат ќе гласаат или не, бидејќи така беше на референдумот за промена на името, каде што нивниот официјален лидер Христијан Мицкоски ја имаше улогата на ни риба ни девојка, бараа референдум за промена на името, па потоа ретерираа, истото се случи и со пописот, немаа јасен став за ништо, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека истото беше и со усвојувањето на преговарачката рамка во собранието.

Гледавме палење на документи, кинење на документи, колнење, недолично однесување, свиркање за на крај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да излезат од собраниската сала, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести