fbpx

Заев од трибина во Велес: Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, немаат никаква понуда квази-патриотите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина во Велес истакна дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, дека опозициската партија нема никаква понуда а продава лажен патриотизам.

– Од секое дрво кавал не бива. Ги знаеме кои се, им понудивме заедно да водиме кога требаше крупните прашања да се решваа. Но не, избегаа, немаа храброст, квази патриотите. Понудив заедно да одработиме за реформите, заедно да одработиме за економијата. Не. И тоа одбија. Затоа што ако влезат заедно ќе се види сета лажна слика на нивниот квази патриотизам. Бегаат и до ден денеска. Знаеме и кои се и какви се и нема да им довозлиме да не вратат назад, затоа што се работи за нашата држава и нашата иднина рече Претседателот Заев.

Ништо не се менува  кај ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие не можат да понудат никаква обвнова, затоа немаат поддршка одраѓаните, порача Заев од граѓанската трибина На прав пат во Велес.

Последни вести