fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше тортура врз администрацијата, денес инситуциите се професионални и ослободени од притисоци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на закани, уцени и притисоци е последната која е повикана да  зборува за работата на јавната администрација.

11 години ВМРО-ДПМНЕ вршеше масовна партизација на државните институции, а јавната администрација ја третираше како партиска подружница.

Денес ВМРО-ДПМНЕ шири лажна загриженост за јавните институции бидејќи не може да се помири дека институциите функционираат професионално и според законите.

Белиот дворец, симболот на лажни вести денес продуцираше нова невистина. На официјалната веб-страна на Министерството за информатичко општество и администрација се објавени извештаи доставени до Влада за реализација на годишните планови кои содржат податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција. 

За потсетување за 11 години ВМРО-ДПМНЕ нема доставено ниту еден извештај.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес институциите се професионализирани и работат во служба на граѓаните. Ниту еден вработен во државната администрација не е под притисоци, но и кон ниту еден нема каков било протекционизам, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ може само да понуди обнова на режим и злоупотреби во партиски цели, притисоци, закани, ендеци и бркања од работа, што впрочем и го правеше цели 11 години.

Опозицијата изгуби на последните избори и уште еднаш на 12ти април ќе добие нов црвен картон од граѓаните. Обнова на криминалниот режим и заканите и непрофесионална администрација нема да има.

Последни вести