Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево се сретна со жителите на населеното место Требиште во општина Маврово и Ростуше.
„Во мандатот на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Медат Куртовски во Требиште е извршена реконструкција на водоводната мрежа во вредност од над 1,6 милиони денари, со што се подобри квалитетот на водата, но и се намали губитокот на вода. Денес, жителите на Требиште пијат здрава и безбедна вода. Изградени се нови каптажи на водоводот со што е подобрено снабдувањето со вода во ова населено место.“ порача Ковачевски.
Пред присутните претседателот Ковачевски побара поддршка за Куртовски и СДСМ за и во иднина да се реализираат важни проекти за ова населено место.
„Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, Требиште ќе добие уреден паркинг простор, ќе се уреди спортскиот терен, реконтрукција на патот до маалото Паречковци и ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Затоа на 20 август, во сабота масовно да гласаме за број Еден, за Медат Куртовски и СДСМ“ повика претседателот Ковачевски.