Соопштение за јавност
Членовите на ЦО, Љупчо Николовски и Никица Бачовски, денеска се сретнаа со жители од Требиште, од каде даде поддршка за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.
“Жителите на Требиште ја даваат поддршка за Медат Куртовски, затоа што знаат како до сега Медат се залагаше и работеше за општината и развојот на секое едно населено место, а така ќе продолжи и понатаму”, рече Николовски.
Николовски на средбата со жителите на Требиште истакна дека преку програмата за рурален развој со мерките 321, 322 и 323 во општина Маврово – Ростуше се реализирани 7 проекти во вредност од 13 милиони денари, за развој и подобрување на животот за жителите во руралните средини.
“Овде во општина Маврово – Ростуше извршивме Реконструкција со доградба на општински пат Р-1202 и Рехабилитација на локален пат во населено место Присојница. Овие проекти говорат за посветеноста на Медат за развој на секое населено место во неговата општина. Со гласот за Медат Куртовски и СДСМ, Маврово и Ростуше продолжува по патот на напредокот, на 20 август да гласаме за број 1″порача Николовски.