fbpx

Средба на претседатели на комисии на СДСМ со градоначалници: Сите капацитети се ставени во функција на граѓаните, работиме посветено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателите на неколку комисии на СДСМ попладнево одржаа работни состаноци со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6.

На сите нивоа, СДСМ посветено работи согласно новиот систем во интерес на граѓаните. На состаноците се разговара за степенот на реализација на програмите на општините и градоначалниците, соработката меѓу општините, министерствата и централните институции, како и за меѓуопштинската соработка.

Од страна на градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа беа презентирани и плановите за идни активности кои се насочени на подобрување на квалитетот на живот, како и унапредување на локалниот економски развој. 

Се разговара и за креирање нови решенија и мерки за актуелни прашања.

Активностите на СДСМ на сите нивоа продолжуваат со засилено темпо. Сите капацитети се ставени во функција на креирање мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.

Продолжуваме да работиме посветено на остварување на зацртаните цели кои обезбедуваат подобар живот за сите.

Последни вести