Соопштение за јавност
Наследивме долг од 1 милион и 600 илјади евра, но со едно домаќинско работење не само што општина Свети Николе ги исплати долговите туку денес имаме и позитивно салдо, пари кои ќе се инвестираат за потребите на граѓаните.-истакна градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски на граѓанска трибина во Свети Николе.
Бројчаникот почна да врти во Свети Николе, пример за тоа е враќањето на 12 илјади евра од поранешниот директор на Јавното комунално претпријатие кој незаконски исплаќал прекувремени часови работа и пари за нафта за хаварисани возила.-посочи Велковски.
Свети Николе доби награда за најперспективна општина од „Глобал Локал“ , здружение на претприемачи на средна и југоисточна Европа, како општина поволна за инвестирање.
Велковски го најави и стартот на изградбата на ветерен парк во нашата земја со капацитет од 36 МВ , а ќе има 9 ветерници.
Успеавме да привлечеме инвестиции во производство на зелена енергија преку фотоволтаични централи. Пририоден ресурс кој досега Свети Николе го нема искористено.-посочи Велковски.
Во насока на зачувување на чиста и здрава околина за прв пат беа поставени контејнери во 6 населени места на нашата општина, а наскоро ќе бидат набавени уште две возила за собирање на отпад, со што нашата општина го решава проблемот со сметот и создавањето на депонии како претходно.-истакна Велсковски.
Поставувањето на канализациони и водоводни мрежи, изградба на градски покриен пазар, преуредување на градскиот парк и обновување на градската фонтана,реконструкција на градски улици и улици во руралните средини , јавен превоз до селата за прв пат се дел од она што го сработи оваа локална власт од доиаѓањето до денес.-посочи Велковски.
Тој напомена дека за овие две години се организираа и низа настани посветени на младите луѓе од културни манифестации до спортски настани.
Реконструкција на детската градинка и реконструкција на основно училиште е она кое што е веќе е завршено, посочи Велковски се со цел децата да имаат соодветни услови за престој во градинката и наставата во училиштата. Свети Николе е на прав пат!-заклучи Велковски.