Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.
Со Куртовски како градоначалник, Скудриње за прва пат добио детска градинка, која е и прва градинка на територијата на општина Маврово и Ростуше.
Во Скудриње, место каде функционира локална фабрика, каде работат поголем дел од мештаните, благодарени на Куртовски се создаваат услови за подобар живот на секој еден жител.
Во досегашниот мандат извршена е реконструкција на локалниот пат за село Скудриње во должина од 2.5 километри со вкупна вредност од 11.496.037 денари, со што се доби поголема безбедност во сообраќајот и се подобри движењето на возилата на жителите и посетителите кон ова населено место. Изградена дел од канализациона мрежа во населба Падина во село Скудриње, изработени се и шахти за приклучок на мрежата.
“Извршена е санација на водоводната линија, на доводната цевка која поминува низ река Радика и денес е обезбеден сигурен проток на водата до Скудриње, а изработени се ажурирани геодетски подлоги за населените места Маврови Анови, Ростуше, Требиште и дел од Скудриње, со цел урбанизирање на овие населени места. Изграден е потпорен ѕид на локалниот на местото каде што се појави свлечиште. Проектот е во вредност од 1.000.000. денари. Со ова е зголемена безбедноста иа жителите и возилата” дополни Ковачевски.
Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, во Скудриње ќе се изградат улици во населбата Падина и Шуплица. Скудриње ќе добие нов паркинг простор, а ќе се уреди и паркингот во месноста Бигорец. За најмалите ќе с еуреди детско игралиште, а ќе се исчистат и уредат дивите депонии.
Жителите на Маворово и Ростуше знаат дека со Медат Куртовски, општината станува еколошка и чиста општина, со уредени улици и решени поблеми на граѓаните. Потребен е градоначалник кој има слух за барањата на граѓаните, а Медат Куртовски го има токму тоа, потенцираше Ковачевски.