Соопштение за јавност
Советничката листа на СДСМ и колацијата е најдобрата понуда за идниот совет на општина Тетово, составена од чесни и одговорни луѓе, кои Тетово го носат во срцето и знаат како да го направат модерно и европско, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните.
Спасовски ги повика граѓаните во сабота на 20-ти август да гласаат за бројот 1, за кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, бидејќи тие се гаранција за развојот, но и луѓе кои ќе бидат коректив на работата на градоначалникот.
СДСМ се грижи за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, затоа општина Тетово денес сега е пример за соживот, место каде живее концептот едно општество за сите, каде граѓаните се сплотени и единствени во визијата за нови успеси за ваше и наше модерно, европско Тетово, за Тетово, какво што сакаме да му го оставиме на идните генерации, нагласи Спасовски.
Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски.