Соопштение за јавност
Советничката група на СДСМ и коалицијата не присуствува на ради реда свикани седници на Советот на Општина Карпош наменети само за да се земат парите на граѓаните.
Седница закажана од страна на Претседателот на Советот, Бранко Ристов на ден 12.08.2022 година со само една точка на дневен ред: Советнички прашања е седница смислена само со една цел, да се стекне правото за месечен паричен надомест од буџетот на Општината.
Како советничка група најбитно ни е домаќинско и рационално раководење со Општинскиот буџет.
Денешната седница е незаконски одржана, Советот на Општината работи според законот за локалната самоуправа, статутот на општината како и деловникот за работа на Советот, согласно сите три, Претседателот на Советот е должен да достави уредни покани и предлог дневен ред заедно со соодветен материјал за прашањата кои што се предлагаат на истиот, најдоцна 7 дена пред денот определен за одржување на седницата до сите членови на Советот, дополнително истата да биде објавена и на Огласна табла на Општината.
До ниту еден од советниците од Советничката група на СДСМ и коалицијата сеуште нема стигнато никаква покана/известување за одржување на било каква седница.
Дополнително, бизнис интересите кои го раскинаа мнозинството во Советот се само интерес на засегнатите страни, во овој случај оние кои незаконски носат одлуки на незаконски свикани седници.