fbpx

Царовска во Охрид: Ние ја правиме новата програма со вас граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои носат повеќе пари во семејствата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заеднички со вас, граѓаните ја креиравме програмата со која ја добивме довербата во 2016 година, денес пак заедно со вас правиме пресек што сме оствариле и повторно заедно со вас бараме нови решенија кои го подобруваат животот, заедно ја креираме и новата изборна програма, порача потпретседателката Мила Царовска на граѓанска трибина „На прав пат“ во Охрид.

Потпретседателката Царовска направи споредба со неодговороното однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја, нема програма, нема ниту план а од друга страна е против покачувањето на платите.

-СДСМ ги покачува платите на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ неделава ги кочи законите кои обезбедуваат раст на минимална плата, поддршка за раст на платите во приватниот сектор. Тие доаѓаат во Собрание земаат плата и дневници а не гласаат за мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Тоа е се уште истата матрица со кои 11 години ја крадеа државата. Но залудно, платите ќе продолжат да растат, истакна Царовска.

 
 
Последни вести