Соопштение за јавност
Како одговорна партија солидарноста ја покажуваме на дело, се грижиме за оние на кои помошта им е најпотребна, а една од нив е и социјалната пензија, порача потпретседателката Мила Царовска на граѓанска трибина „На прав пат“ во Охрид.
Пред граѓаните, Царовска истакна дека со оваа мерка се исправа еден вид на неправда кон оние граѓани кои од различни причини не успеале да остварат право на пензија.
Со социјалната пензија, обезбедуваме достоинствена старост за нашите сограѓани кои работеле, вложувале труд но поради одредени причини не успеале да ги исполнат критериумите за пензионирање. Досега 2.631 лице се стекнало со социјална пензија и сите тие денес добиваат месечен надоместок од 6.000 денари. Тоа е вистинска грижа за граѓаните и ќе продолжиме да реализираме мерки кои исправаат неправди и трајно извлекуваат од сиромаштија, заклучи потпретседателката Царовска.