fbpx

Спасовски на трибина во Охрид: 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше стечајците, ние за само две години ги обезбедивме сите стечајни работници

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност 
 
 
За две и пол години целосно го реализиравме столбот од програмата кој враќа пари кај граѓаните, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата, посочи потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на трибина во Охрид. 
 
Спасовски се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници за само 2 години од преземањето на одговороноста од страна на СДСМ. 
 
-Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добивата месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.
 

Последни вести