fbpx

Ковачевски од Тетово: Ние сме коалицијата што обезбеди членство во НАТО и преговори со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ освен блокади нема никаков концепт на работа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коалицијата што ја презентираме тука и коалицијата на централнагта власт докажа дека коалиција која води напред и ги решава стратешките проблеми на државата, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на завршната конвенција пред изборите за советници на општина Тетово.

„Ние сме коалицијата што ја внесе државата во НАТО, ние сме коалиција која донесе одлука за започнување на преговори со ЕУ, ние сме коалицијата којашто помогна да се реши прашањето на МПЦ.

А што имаме од другата страна? Од другата страна ги имаме ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои не поддржа ниту една одлука за државата. Единствено што гледаме е сеење страв, обвинување без аргуметни, ширење лажни вести, за да шират страв кај граѓаните, за да можат да спечалат евтини политички поени. Граѓаните преку своите пратеници донесоа одлука донсеоа одлука за почнување на преговори со ЕУ, со чист македонски јазик и заштитен иденитет. И оттука враќање назад нема. Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, од тој пат, нема назад, нема лево, нема десно.“ порача Ковачевски.

Се друго, порача Ковачевски ќе значи тапкање во место како што се случуваше 11 години во државата и како што се случува 10 месеци сего во Тетово.

„Ние имаме концепт што гарантира развој, концепт на единство, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаков концепт на работа, Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ знаат само да правата блокади и деструкции, да сеат омраза и поделби, да работат за своите а не за интересите на граѓаните.

Е такво однесување овде во Тетово нема да им помине. Знам дека тетовчани се мудри, искусни луѓе, еснафи кои си го сакаат градот и нема да дозволат тој да остане заглавен во безидејност и бесперспективност, затоа на 20 август сите масовно да застанеме зад советничката листа на СДСМ и коалицијата.“ порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Тетово.

Последни вести