Економските политики на Владата предводена од СДСМ и Димитар Кивачевски даваат реални, видливи резултати, платите континуирано растат во сите сектори и во време на економска и енергетска криза.
Просечната плата за јуни годинава е зголемена за 10,9 отсто во однос на истиот месец лани и изнесува 31.869 денари.
Тоа е покачување од 3.125 денари за една година, и тоа во време на глобална економска и енергетска криза што е особено важно.
Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на креирање и реализација на мерки кои обезбедуваат повеќе пари во секое семејство и развој на економијата.