Соопштение за јавност
Голем пораз доживеа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на владечката партија е Димитар Ковачевски.
Со двојната победа на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа на Коалицијата предводена од СДСМ граѓаните застанаа зад исправните, вистинските политики, кои ја водат државата напред.
Граѓаните со големо мнозинство застанаа зад концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина и истовремено го поразија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Граѓаните јасно порачаа дека не веруваат на лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, дека им е доста од деструктивноста и лицемерието на Христијан Мицкоски и неговите пулени од Белата палата.
Мицкоски е поразен на првото изборно соочување со Ковачевски и повторно ќе биде поразуван од граѓаните.