Соопштение за јавност
Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје по подолго време денеска се појави пред јавноста.
Но, Аровска не кажа ниту збор за проектите кои им ги вети на скопјани а не ги реализираше.
Каде е бесплатниот превоз? Каде се 250 нови автобуси?
Зошто проектите важни за скопјани и започнати пред неколку години се уште стојат недовршени, како мостот во Аеродром, клучката кај Момин поток но и многу други?
Дали Христијан Мицкоски стои зад ова и намерно ги кочи сите започнати проекти за свои бизнис интереси?
Поминаа 10 месеци а градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ништо од она што беше ветувано пред граѓаните на Скопје.