Соопштение за јавност
По поразот на вонредните локални избори Мицкоски и Апасиев со денови никаде ги нема.
Не се појавуваат во јавноста, ниту пак на социјалните медиуми, јавноста од нив не слушна ни збор.
Дали заедно чекаат насоки од Будимпешта?
Очигледно се зашеметени од поразот, не знаат што да кажат по шамарот од граѓаните, кои им упатија јасна и недвосмислена порака дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.
Пораките од вонредните избори се јасни. Двојна победа на СДСМ и Коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа и преполовена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Тоа е пораз на антиевропската коалиција.
Затоа Мицкоски и Апасиев со денови не излегуваат во јавност.