Реакција на прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
Цветан Трипуновски наместо да се бламира како непознавач на надлежностите и функцинирањето на локалните самоуправи, како и на системот за авионско засејување облаци треба да им се обрати на јавните претпријатија и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината.
Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно. Над 10.000 домови беа поплавени а ЈП водовод не презеде ништо.
Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците. На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.
Што се однесува до споменатиот систем за авионско засејување облаци Трипуновски пред да излезе во јавноста треба да се информира и да знае дека се користи само за реагирање, одбрана и превенција на земјоделски површини. За последните три години процентот на заштита од град за земјоделските површини е 80%.
Но, не е до системот, за Скопје под вода потфрли локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.