Соопштение за јавност
Како ќе се однесува опозицијата не можам да проценам, очекувам да не ја продолжи досегашната пракса, можеби сум оптимист, но се надевам дека ќе победи разумот кај опозицијата и дека ќе ги стават граѓаните на прво место. Одлуката за бојкот не е на пратениците туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече во интервју за Сител телевизија координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески.
„Одлуката за бојкот на Собранието не е на пратениците туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Мојата изјава беше токму во контекст на повик на опозицијата и сите пратеници да се однесуваат конструктивно, да ја извршуваат функцијата одговорно, за тоа што се избрани и во служба на граѓаните. Еве и сега ја користам приликата да упатам повик до пратениците од опозицијата, ова е период кога сите треба да бидеме на висина на задачата за што и ја имаме добиено довербата од граѓаните“ рече Митрески.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека блокадите на собранието се неодговорни и дека со нив не се постигнува ништо, освен што се одолговлекува.
„Што значи блокирањето, да се потроши еден ден плус само за усвојување дневен ред, да се потрошат 20-30 илјади евра пари на граѓаните и на крај повторно да се донесе дневниот ред. Или незакажување на комисии за закони важни на граѓаните. Но во вакво време, кога имаме светски наметната енергетска и економска криза ние треба да имаме функционално собрание, за да излеземе во пресрет на граѓаните и фирмите.„ рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
Митрески додаде дека најавената блокада нема да предизвика предвремени избори и посети дека пратениците на ВМОР-ДПМНЕ го блокираа и 5-от пакет мерки економска помош во ковид пандемијата.
„Нема да има предвремени избори, нема да дозволиме 6 месеци да стоиме во место во време на криза“ Митрески во интервју за Сител телевизија
„Ние имавме пакет за помош во време на ковид кризата, а тие ги блокираа, и кога дојдоа колегите пратеници во скафандери тие кривични пријави им поднесуваа, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа 5-тио пакет економска помош.“ рече Митрески.