Почитувани,
СДСМ обезбедува инклузивно образование достапно за секое дете, кое ги почитува и прифаќа различностите, кое овозможува сите деца со попреченост да имаат еднакви шанси за образование и придонес во општеството.
За учебната 2022/2023 година обезбедени се средства за вработување на дополнителни 225 образовни асистенти, со што вкупната бројка за новата учебна година се искачи на 725 асистенти.
Минатата учебна година беа вработени 500 образовни асистенти во наставата за децата со попреченост, за кои беа обезбедени 216 милиони денари.
Министерството за труд и социјална политика направи законски измени со кои возрасната граница за користење на услугата на личната асистенција ја намали од 18 години на 6 години, со што се поддржува вклучувањето на децата во редовниот образовен систем и во општеството во целина.
Согласно новиот Закон за основно образование 5-те посебни училишта се трансформирани во Основни училишта со Ресурсни центри, а посебните паралелки се петворени во Центри за поддршка.
Во редовна настава се вклучени 911 ученици со посебни образовни потреби, додека во ресурсните центри има вкупно 381 ученик.
Започнавме со примена на Меѓународната класификација на функционирањето при проценка на децата со попреченост која се фокусира на можностите на секое дете и воспоставивме 5 стручни тела за проценка во Скопје, Гостивар, Битола и Струмица, а во завршна фаза е воспоставувањето на вакви стручни тела и во Велес, Охрид и Штип.
Доделени се 426 стипендии за деца со посебни образовни потреби, ученици во прво и второ одделение кои редовно следат основно образование во рамките на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија.
Преку истиот проект, обезбедени се дополнителни 13 сензорни соби во 13 училишта, 8 инклузивни игралишта во дворовите на училиштата, 1 сензорна градина, 1 електромоторен транспортер за качување по скали, дидактички материјали и асистивна технологија за 5 училишта.
Градиме инклузивно образование, создаваме услови кои ќе му овозможат на секое дете да го достигне својот полн потенцијал.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Благодарам