fbpx

Нови придобивки од Отворен Балкан, обезбедена храна во услови на глобална криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ донесе уште една голема придобивка за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Со потпишување на трилатералниот договор за механизми за обезбедување на храна во Западен Балкан нема да има прекин во снабдувањето со храна во овие три земји, што е од исклучително значење во време на најголемата глобална економска и енергетска криза по Втората светска војна.

Договорот значи користење на капацитетите на државите од иницијативата „Отворен Балкан“ и тој е гаранција дека ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.

Со него се гарантира дека ќе се обезбедат стратешки култури, како пченица, пченка, јачмен, млеко, месо, ориз, зејтин, во доволни количини за граѓаните на овие три земји.

Отсега за овие проиводи нема да има пречки и застои на границите, ниту пак забрани за извоз на земјоделски производи меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија.

Оваа регионална соработка, со здружување и солидарност ќе продолжи и во текот на претстојната зима, а, освен за непречено снабдување со храна се проширува и на соработката во енергетика и справувањето со енергетската криза.

Институциите предводени од СДСМ градат мостови на доверба и соработка со соседните држави, во интерес на просперитетот на сите граѓани и на државата.

Последни вести