Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше притисоци врз вработени во администрацијата, денес институциите работат професионално и ослободени од притисоци
ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на уцени, закани и притисоци нема кредибилитет да зборува за работата јавната администрација.
11 години ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше институциите и вршеше тортура, притисоци и закани кон вработени во администрацијата.
Последното сведоштво во случајот Титаник во кое се опишани страшни закани и притисоци врз вработени во МВР, јасно покажува каков бил односот на ВМРО-ДПМНЕ кон вработените во државните институции.
Денес ВМРО-ДПМНЕ во опозиција шири лажни вести и лицемерна загриженост за вработените во институциите. Никој освен ВМРО-ДПМНЕ не гледа притисоци, затоа тие и не посотојат.
За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ денес институциите се професионализирани и работат во служба на граѓаните. Ниту еден вработен во државната администрација не е под притисоци, но и кон ниту еден нема каков било протекционизам, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствено што може ВМРО-ДПМНЕ да им понуди на вработените во администрацијата е злоупотреби во партиски цели, притисоци, закани, ендеци и бркања од работа, што впрочем и го правеше цели 11 години.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ загубија на последните избори и затоа ќе изгубат и на изборите на 12 април. Обнова на криминалниот режим и заканите кон администрацијата нема да има.