Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Потврда за тоа се заложбите кои се прават во насока на подобрување на условите на здравствените работници и услугите кон пациентите.
Како дел од тие мерки е и зголемување на бодот за капитација од 8 денари на матичните лекари и гинеколози што е за 16 отсто повеќе од досега, а влезе во сила од 1 октомври.
8 денари зголемување добија и матичните стоматолози, што е зголемување од 20 отсто.
Истовремено, го зголемуваме и надоместокот за приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, кои наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно.
Висината на надоместокот на приватните специјалисти-ортодонти од 97.000 денари се качува на 111.000 денари месечно.
Зголемување на надоместокот важи и за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот, кое изнесува околу 15 отсто, за што се обезбедени вкупно 62,5 милиони денари.
За оваа мерка во буџетот се обезбедени 465 милиони денари. Тоа се пари на граѓаните, кои се враќаат како поддршка на матичните лекари, со цел поголема мотивираност на лекарите и поквалитетни здравствени услуги.
На овој начин, ја поттикнуваме превентивата во примарната здравствена заштита, се со цел за спречување и рано откривање на болести, но и навремено лекување и соодветно водење на пациентите со хронични болести.
Матичните лекари ќе можат да препишуваат лекови, кои досега не можеа да ги препишат без дозвола од специјалист.
Заедно со повисоките плати во секундарното и терциeрното јавно здравство,на овој начи влијаеме против одливот на медицинскиот кадар од јавното здравство, а граѓаните добиваат здравствени услуги со подобар квалитет и поширок спектар.
СДСМ како одговорна партија, продолжува со реформите во здравствениот систем со цел унапредување на здравството, преку раст на платите на лекарите и подобрување на здравствената грижа на пациентите.