fbpx

Референдум против ЕУ, нема поддршка и нема да успее, Мицкоски на погрешен начин бара спас за фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме.

Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Европскиот процес до полноправно членство сите политички партии кои и мислат добро на државата, на граѓаните го поддржуваат.

Само Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев се против ЕУ.

Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.
Откако пропаднаа сите негови лаги за бугаризација и асимилација, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа и не гласаа против во Собранието. Сега Мицкоски сака одговорноста за неговите неуспеси да паднат врз неговите членови.

На погрешен начин Мицкоски бара спас за својата фотелја, со нови обиди да ја закочи државата и да го блокира членството во ЕУ.
Референдум против ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните и нема да успее.

Иницијатива против ЕУ нема поддршка ниту од опозициските партии, а поделени ставови има и во самата ВМРО-ДПМНЕ каде што јакне проевропското крило, кое не мисли исто како Мицкоски и сака да го поддржи европскиот пат на земјата.Особено што Мицкоски не е искрен и ги лаже своите членови, исто како што ги лаже и грѓаните.

Потврда е неговата изјава на средба со поранешниот премиер, Бојко Борисов каде јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија.

Државата нема да застане, Мицкоски не може да ја закочи. Враќање назад или остапување од европскиот пат нема да има. СДСМ, заедно со граѓаните и сите проевропски партии тоа нема да го дозволат.

Последни вести