(Најава) Традиционален празничен пикник за Денот на независноста и обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски
Почитувани медиуми,
Ве известуваме дека утре 08.09.2022 (четврток) по повод големиот празник 8-ми Септември, Денот на независноста, во комплексот Пеленица (Манастир св.Руса, Драчево, општина Кисела Вода), ќе се одржи традиционалниот празничен пикник што го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода.
Традиционалниот пикник и народен собир започнува во 10.00 часот наутро, со вкусна македонска храна, музика и заедничка дружба.
Ве известуваме дека на настанот обраќање ќе има и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски (околу 12.30 часот).
На празничниот пикник, каде што ќе биде организиран и ручек за присутните, поканети се сите граѓани, заедно да го прославиме Денот на независноста, 8-ми Септември.