fbpx

Ги зголемивме субвенциите и ги следиме барањата на земјоделците, само во Кавадарци исплатени се 14 милиони евра преку интервентни мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кога во 2017 година ја презедовме одговорноста, земјоделците беа поделени и имаше селективна исплата на субвенциите и државната помош. Државата беше заробена, заробени беа и институциите, но овие две и пол години направивме  многу, ги зголемивме субвенциите онака како што ветивме и постојано ги следевме барањата на земјоделците, порача членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски. 
 
Тој истакна дека  политиката на ВМРО-ДПМНЕ е разобличена целосно, дека тие иако организираат протести, на нив недостасуваат вистинските земјоделци.
 
 

 
Минатата  година воведовме пет интервентни мерки а 14 милиони евра се исплатени конкретно за Кавадарци. Тука е и заборавениот наследен долг кој го имаа винариите Повардарие и Стефани, долг кој го исплати оваа Влада. Ако претходно, 20 посто од ИПАРД фондовите беше искористен,  ние успевме 70 отсто да искористиме, истакна Димковски.
 
12 април е клучен , ова се што го работиме досега, ќе продолжиме да го работиме и понатаму,  развојот и економијата се нашиот приоритет. Имаме силна поддршка од eвропските фондови, за осовременување на опремата за поуспешно земјоделство, на прав пат сме, заврши Димковски.
Последни вести