Соопштение за јавност
Лажните вести, конструираните случаи и дезинформациите остануваат единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемиот извор на лажни вести и дезинформации.
За лажирање на податоци Наум Стоилковски треба да се обрати во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи додека кадри на оваа партија раководеа со ДЗС беше период на тешки лажирања и фабрикувања податоци во корист на криминалиот режим.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со позитивните резултати кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Од -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ економијата порасна до +4.1% поради вистинските економски политики на СДСМ.
Од 9.000 денари просечна плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ до 14.500 благодарение на СДСМ односно 5.500 денари повеќе секој месец.
Тоа е реалноста. Затоа ВМРОД-ПМНЕ бара алиби во наводни извитоперувања на податоците, метод многу познат токму за ВМРО-ДПМНЕ.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Институциите ги демантираат нивните лажни вести, а јавноста веќе одамна не им верува на нивните лаги.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на 12 април ќе загубат на предвремените парламентарни избори. Граѓаните повторно ќе ја поразат нивната матрица на лажни вести и дезинформации и ќе потврдат дека државата, институциите се на прав пат.