fbpx

Претседателот Заев: Ги гледаме првите чекори од враќањето на правната држава, тоа е императив за секоја демократска држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Никогаш немало ваки судски постапки судски. Но го ослободивме судството, да работи, но и да покаже одговороност, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање пред граѓаните на трбината „На прав пат“ во Прилеп.
 
-Одговороност пред својот народ. Затоа што не е само Заев и политичарите да имаат одговороност, сите што земаат плата од својот народ треба да носи одговороност. Дали се вика ветинг, дали се вика кривична одговорност, ќе си ја носат. Затоа реков, ако сакаме да не биде има да не бива, да работиме, особено тие што земаат плата од нашиот народ. Да сработиме. Обвинители, судии, транспарентни и брзи постапки нашиот народ очекува од вас. Правната држава е императив на секое здраво општество, на секое слободно, демократско општество. Тоа мора да го доживееме час поскоро тука, рече Заев
 

-Ги гледаме денеска првите чекори од враќањето на правната држава. Гледаме судски разрешници на едни од најголемите криминали што се случувале во нашата држава и граѓаните знаат се, нема тајни. Затоа што целта на правосудните постапки е да ја испрати пораката никој да не се осмели да прави криминал. Се промени претседател на Врховен суд затоа што независен Судски совет така одлучил. Никој не е венчан за позицијата, одговорност мора да има. Само така е исправно, особено за политичарите,  додаде претседателот Заев.
Последни вести