fbpx

Потпретседателот Коста Петров од Прилеп: Горд сум, СДСМ креира политики за младите, да престане иселувањето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ е партија во која секојдневно се разговара со младите, се слушаат идеите на младите, се креираат политики за младите, бидејќи наш најголем пораз е младите да се иселуваат во странство нагласи потпретседателот на СДСМ Коста Петров на трибината под мотото „На прав пат“ денеска во Прилеп.
 
 Горд сум на политиките на СДСМ за младите, како европската младинската картичка, гаранцијата за млади, која обезбедува платени пракси, поддршката за млади земјоделци, кои добиваат по 10.000 неповратни средства, поддршката за младите лекари, истакна Петров.

 
34 милиони денари  се обезбедени за обука за ИТ вештини за 1200 млади лица, кои ќе можат да почнат да се занимаваат со најбрзо растечката индустрија на светот, соопшти Петров на трибината на СДСМ во Прилеп.

 

 
Последни вести