Соопштение за јавност
Претседателот Заев пред граѓаните на Прилеп порача дека само Христијан Мицкоски се израдувал на одлукта ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, што не е карактеристика на луѓе коишто си ја сакаат државата.
– Целиот свет ни признава дека сме на прав пат, ни признава за успесите. Само Мицкоски се израдува и ја поздрави одлуката на Франција. Ако мисли дека заради тоа ќе дојде на власт се излажал. Народот дава шанса, но Мицкоски мора да се промени, мора прво да се откаже од неговиот шеф Никола Груевски, да се огради од криминалите, да ги осуди. Кога ќе го сторат тоа нека побараат поддршка, можеби за 4,5 години. А сега, на 12 април, одиме на прав пат и никако поинаку, порача Заев во преполната сала на Центарот за култура во Прилеп.