fbpx

Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално

Facebook
Twitter
LinkedIn

Институциите мора да го расчистат спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, како и обвинувањата за сторен криминал кои јавноста ги слушаат изминативе денови.

Институционално треба да се утврди и улогата на Христијан Мицкоски во овој тендер, особено што за неговата вмешаност обвинувања стигнуваат од негова кандидатка а сега и градоналничка на Град Скопје.

Данела Арсовска вчера тврдеше дека Мицкоски иако не смеел, сепак знаел детали и точни суми од тендерската постапка.

За тоа ли е Мицкоски шпицен градоначалник? За да се меша и влијае на тендери и јавни набавки, за да ги става рацете во медот?

Како овие доверливи информции дошле до Мицкоски треба да каже тој самиот, но треба да истражат и надлежните институции.

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски, важни му се само парите и бизнис интересите.

Последни вести