fbpx

Костадинова Стојческа: ВМРО-ДПМНЕ нема државнички капацитет, затоа им се распаѓа се’

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е држаничка партија, која секогаш презема одговорност да се решаваат, навистина најгорливите прашања, во интерес на граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ниту една државничка политика, ниту еден државнички потег, го блокираат Собранието во време на криза и побегнаа од гласање за заколучоците, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадинова Стојческа во интервју за емисијата „Трилинг“.

-Зошто не останааа во салата кога се гласаше за Заклучоците за продолжување на европскиот пат? А три дена бевме навредувани, омаловажувани. За жал, тоа е сликата што ВМРО-ДПМНЕ ја остава во законодавниот дом дека се сé, само опозиција не, немаат државнички капацитет нагласи Костадинова Стојческа.

Потпретседателката Костадинова Стојческа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ фатени во некој теснец дека им се распаѓа се. Не бираа средства и начин како да дојдат до власт макар тоа да значи дестабилизација на државата, но не успеаја, рече Стојчевска

Со блокади на закони сакаат да дојдат на власт, го бокираа и ребаланост на Буџетот за 2022 година и предизвикаа проблеми со плаќањата, кога имаше болни пратеници, а требаше да се носат пакетите помош за граѓаните се потпишуваа за присуство во собранието и излегуваа од салата, па јас се согласив на свој трошок, болна од ковид во скафандер, да дојдам да се изгласа петтиот пакет мерки за помош, со кој огормен број граѓани добија помош за време на ковид пандемијата, а тие правеа шоу, шест часа седеа во скафандери во очекување дека ќе ја урнат владата, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадинова Стојческа во интервју за емисијата „Трилинг“.

Последни вести