fbpx

Николовски од Крива Паланка: Тоа што Мицкоски побегна од брзи избори кажува дека е уплашен, го чека пораз на 12 ти април

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Јас сум еден од учесниците на лидерската средба кај претседателот Пендаровски. Од таа средба произлегуваат неколку работи. Едната, со која се покажува демократскиот напредок на нашата земја. Лидерите седнаа и се договорија, и тоа без посредници од страна. Втората, кога претседателот Заев зборуваше за признанието од сите европски лидери за напредокот на земјата Мицкоски молчеше. И последно Мицкоски побегна од брзи избори, со што покажа дека е уплашен и го чека пораз, рече генералниот секретар на СДСМ вечерва на граѓанска трибина „На прав пат“ во Крива Паланка.
 

 
-Кога претседателот Заев предложи брзи избори, техничка влада, распуштање на Собранието на 22 декември, очи во очи, молк од Мицкоски 30 минути, не знаеше што да каже. Тоа кажува се, уплашен е, знае дека го чека пораз на 12 април. Казната од граѓаните за работењето спротивно на државните интереси доаѓа за Мицкоски на 12 април, додаде Николовски.
Последни вести