Соопштение за јавност
Дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е погрешно и спротивно на стратешките интереси на државата и на она што граѓаните пред 31 година го одлучиле со создавањето на своја суверена и независна држава која еден ден ќе стане земја членка и на НАТО и во ЕУ.
Во таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поддршка имаат единствено од проруската партија Левица предводена од Димитар Апасиев.
Поднесувањето на неуставна иницијатива за референдум и поддршката на иницијативата на Левица јасно покажува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидуваат да го попрелат патот на државата кон евроинтеграциите.
Тоа нема да им успее, нивните деструкции одново ќе бидат поразени,
Државата веќе го почна преговорите со ЕУ, институциите имаат капацитет и подготвеност што побрзо да го завршат процесот на преговори и Северна Македонија да стане земја членка на Унијата веќе во 2030 година.
Колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и Апасиев македонската иднина е обезбедена и таа е европска.