Соопштение за јавност
11 години оваа држава одеше назад за време на владеето на ВМРО-ДПМНЕ, се случуваа процеси за кои во сите меѓународни извештаи беше потенцирано дека нема слобода, нема на говор и слобода на медиуми, дека уназадуваме демократски и економски и дека не одиме напред. Целиот свет беше загрижен за иднината на нашата држава.
Но чест ми е што 11 години заедно со вас се боревме и ја ослободивме државата. порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на вчерашната трибина „На прав пат“ во Крива Паланка.
– Денеска нашата татковина е светол пример во регионот. Денес напредуваме на сите ранг листи и сме меѓу првите во регионот. И во економски слободи и во човекови права и во износ на инвестиции, во сите параметри сме меѓу првите во регионот. На прав пат сме и ќе продолжиме на прав пат. Денеска ја праќаме пораката дека на 12 април добиваме чист мандат за да ги продолжиме политиките што се во интерес на граѓаните, заклучи Николовски.