Соопштение за јавност
Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е што политиката на поранешното раководство е пресликана во политиката на актуелното раководство и нема никаква промена во оваа партија, рече во интервју за Националната телевизија (МТВ) претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
„Нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во кабинетот на поранешниот претседател или претседател на Влада. Исто декларативно се за НАТО и ЕУ, а од друга страна прават се да ги нарушат и внатрешните односи во државата, односно етничките, што можевме да го видиме на протестите при гласањето на Европскиот предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ. Исто така е и денес. Прво преку поставувањето на анти Уставно прашање за референдум. И второ поддршка на една политичка партија Левица која што има отворена соработка со политички партии од Руската Федерација и која што отворено се залага против членство во НАТО и во ЕУ.„ вели македонскиот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Во интервјуто за Националната телевизија (МТВ) претседателот Ковачевски ги повикува пратениците во македонското Собрание да делуваат одговорно и врз основа на мандатот кој им е доверен од граѓаните да носат одлуки кои ќе значат напредок на земјата.
„Пратениците го претставуваат народот, тие не претставуваат политичко лидерство бидејќи народот им дава мандат на пратениците во Собранието, и затоа имаат обврска пред своите гласачи да носат одлуки кои што ќе значат просперитет на државата.“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.