Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во интервју за Националната телевизија (НТВ) вели дека кавгите во ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за се тендери и ги повикува да се извинат на граѓаните и да ги исполнат сите преземени обврски.
„Обврската што ја зеле пред граѓаните да ја исполнат или да искочат и да се извинат на граѓаните за се она што ги излажаа на изборите локални во 2021 година. И градоначалничката и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сите кои што беа вклучени во кампањата. Затоа што тие кампањи беа јавни и се е снимено.“ рече Ковачевски.
Тие не се занимаваат со проблемите на граѓаните, тие се занимавале со тендери, додава Ковачевски.
„Погледнете што се случува во градот Скопје. Градоначалничката на градот Скопје беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи таа ако не беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше теоретски шанси да победи за градоначалник. На сите митинзи беше промовирана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ работеше за неа, каде што трубачи ја чекаа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие всушност што правеле 11 месеци договарале тендери. За кои што самите зборуваат не зборуваме ние од СДСМ што правеле, они самите зборуваа по прес конференции. И на крајот што се случи не можеле да се договорат за провизиите, излегоа на ТВ и сега се караат.“ рече претседателот на СДСМ, Ковачевски.
Тој додава дека СДСМ и владата што ја предводи ќе продолжи со грижата за граѓаните.
„Ние ќе продолжиме да се грижиме за потребите на граѓаните, да обезбедиме електрична енергија за целиот регулиран пазар, да обезбедиме топлинска енергија и да се обидеме да обезбедиме најдобра цена за електрична енергија за стопанството, кое ќе може да обезбеди одржливо производство и одржливо пружање на услугите на стопанството.“ вели во интервју за Националната телевизија (МТВ), претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.