Соопштение за јавност
Владиното мнозинство е стабилно и коалицијата нема никакви проблеми, истакна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, за „24 Анализа“ на телевизија 24.
Тој додаде дека засега има информации дека од владиниот тим ќе се менува само Горан Милевски од Министерството за локална самоуправа кој даде оставка и нема најави за дополнителни промени.
Ситуацијата со ДУИ е внатрепартиска и не би ја коментирал, рече потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.