fbpx

Битиќи: Правиме напори да обезбедиме пониска цена на струјата за приватниот сектор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сите приватни корисници и домаќинства на регуларниот пазар ќе имаат електрична енергија од Електрани на Македонија, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Битиќи нагласи дека штедењето е императив на сите, бидејќи продолжувањето на нерационално однесување може да доведе до тоа што никој неможе да го замисли.

Ние уверуваме дека цената на струјата до крај на годината е таа, а внесувањето на обрзазовните институции и здравствените установи, на регулираниот пазар нема да значи зголемување на цената на грбот на граѓаните, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека мора да се осигура непречено одвивање на образовниот процес и здравствените установи, кои обезбедуваат здравствени услуги за граѓаните мора да имаат електирчна енергија.

Што се однесува до струјата и цената на струјата за стопанството, Битиќи истакна дека владата води преговори во регионот, за да се увезе електрична енергија по цена помала од берзанска, како и енергенси за производство на струја.

Она што е битно за приватниот сектор е дека правиме напори да им обезбедиме два пати пониска цена од моменталната, порача Битиќи.

Во врска со со општинските јавните комунални претпријатија, Битиќи рече дека од една страна се соочуваат со високи сметки и бараат помош од владата, а од друга страна во сите јавни комунални претпријатија продолжуваат вработувањата.

Едно работно место во јавните претпријатија со сите трошоци месечно чини 1.000 евра, 100 вработувања – 100.000 евра, тоа е тоа нерационално однесување, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битќи нагласи дека скопјани на 15 октомври ќе добијат топлинска енергија.

Владата ги презема сите мерки и обезбеди финансиски средства за да се осигура компаниите да бидат спремни за почеток на грејната сезона во Скопје, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Последни вести